Connect with us

Фудбал

Овој меч од Шпанија ќе замине во историјата, но тоа е нешто што не очекува во иднина

Натпреварот од шпанската Ла Лига помеѓу Бетис и Реал Сосиедад, кој ќе се одигра следниот петок, ќе биде првиот што ќе се пренесува преку социјалната мрежа ТикТок.

Носителот на правата за натпреварите во Ла Лига, компанијата „Gol“, потврди дека натпреварот од Ла Лига ќе биде во живо на нивниот профил на ТикТок и ова ќе биде историски момент за сите.

Со тоа, овој натпревар ќе стане првиот натпревар од Ла Лига кој ќе се пренесува на ваков начин, а навивачите ќе имаат можност да бидат дел од сето тоа бидејќи коментарите ќе бидат достапни за време на преносот.

За оние кои не користат ТикТок, натпреварот ќе биде достапен на ТВ платформите што ги користат.

„Ова е уште еден чекор напред за Ла Лига да овозможи пренос на натпревари ширум светот. Договорот со TikTok потврдува дека сакаме да воведеме нови работи“, рече директорот за дигитална стратегија Алфредо Бермехо.

„Горди сме што Ла Лига го избра ТикТок за своето емитување. ТикТок е место каде се поврзани фудбалските фанови и горди сме што го препознаваат големите брендови“, изјави Сораја Кастеланос, која е задолжена за оваа платформа во Шпанија.

Во иднина секако треба да очекуваме уште вакви преноси на социјалните мрежи, а како ќе изгледа сето тоа ќе видиме на ТикТок.

Натпреварот Бетис – Реал Сосиедад се игра во петок на 15 април со почеток од 21 часот.