Фудбал
Па, ова е срамно, буџетот за трансфери на италијанскиот шампион е смешен!
Навивачите на Милан се надеваа дека со доаѓањето на новите сопственици буџетот за трансфери на играчи ќе биде значително поголем.
На крајот на краиштата, тимот по 11 години ја освои титулата шампион на Италија и втора година по ред ќе игра во Лигата на шампионите, но тоа нема да има големо влијание врз инвестициите во претстојниот преоден рок.
Калчомеркато пренесува дека спортскиот сектор на клубот предводен од Паоло Малдини и Рики Масара располага со сума од само 45 милиони евра, колку што утврдил новиот претседател Гери Кардинале.
Велиме само затоа што ако ја споредиме оваа бројка со другите европски клубови на највисоко ниво, не е доволна за некои посериозни засилувања.
И не само тоа, зголемување на буџетот за плати ќе биде максимум за околу 20 отсто, за сегашните играчи, но и за новодојдените.
Малдини не е воодушевен од ваквата состојба, но се надева дека Кардинале ќе ги зголеми вложувањата во иднина, како што е најавено.
Дотогаш, легендата на Милан ќе мора да прави чуда надвор од теренот за клубот повторно да стане светски „крем де ла крем“.