Connect with us

Фудбал

Па, ова не е нормално, еве како ПСЖ го убедил Мбапе да потпише нов договор

Килијан Мбапе ќе остане во ПСЖ, а Реал Мадрид ќе извиси. Веста ја објавија речиси сите релевантни светски спортски медиуми. Најдобриот француски фудбалер тактизираше досега, веројатно да извлече што е можно подобар договор со ПСЖ, и секако успеал во тоа. Според информациите, тој ќе потпише тригодишен договор, до 2025-т година. Наводно тој ќе добие 130 милиони евра бонус само затоа што се согласил да потпише нов договор, а платата ќе достигне до 100 милиони евра годишно. Ќе има можност да носи одлуки за својот бренд и спонзорствата, ќе може да влијае и врз трансфер политиката на ПСЖ. Сето ова ПСЖ се согласил да му го исплати, само да го спречи да замине во Реал Мадрид.