Connect with us

Други спортови

Пад на ранкингот на македонските тенисери Јотовски за четири, Ѓорческа за 27 места

Најдобриоте македонски тенисери Томислав Јотовски и Лина Ѓорческа бележат пад на новите ранг листи објавени денеска.

Томислав Јотовски, кој минатата недела беше елиминиран уште во првата руда на Фјучерс турнирот во Хаамет, Тунис, бележи пад од четири места па така сега 26-годишниот Јотовски е рангиран на 579-тото место на најновата АТП ранг-листа. Тој од денеска ќе игра на турнирот во Санта Маргарита ди Пауло во Италија, каде за противник во првата рунда ќе го има домашниот тенисер Андреа Вавасори.

Нема промени на врвот, каде и натаму прв е Рафаел Надал пред Роџер Федерер и Енди Мареј.

Во женска конкуренција најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа голем пад на новата ВТА ранг-листа.

Ѓорческа, која е без настап од почетокот на август кога играше во квалификациите за УС Опен, падна за 27 позиции и сега е на 259. место што е нејзин најслаб пласман во последните 16 месеци.

Што се однесува до ТОП 10, таму повеќе ја нема Светлана Кузњецова која сега е единаесетта, зад француската тенисерка Кристина Младеновиќ.

Романката Симона Халеп и натаму е водечка, пред Гарбине Мугуруза од Шпанија и Каролина Плишкова од Чешка.