Фудбал
Падна одлуката, ќе се гради статуа на Лионел Меси пред „Камп Ноу“
Иако пред една сезона замина од Барселона, сепак Лионел Меси сигурно е еден од најдобрите играчи на овој клуб во целата историја. Практично го донесоа како дете, ги помина сите младински категории, а останатото е веќе историја. Аргетинецот сруши неколку големи клупски рекорди, а во овој дрес постави и неколку светски, па ништо не е чудно што неговиот престој во Каталонија сакаат да го овековечат со статуа.
Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека е донесена дефинитивна одлука пред фудбалскиот храм „Камп Ноу“ да биде изградена статуа на Лионел Меси.
-Ќе изградиме статуа на Лео Меси пред стадионот Камп Ноу. Одлуката е веќе донесена, изјави Лапорта.
Меси од 2004, кога дебитираше за првиот тим, во Барселона се задржа до 2021 кога се пресели во ПСЖ. За тој период освои 10 шампионски титули, четири пати пехарот во ЛШ, два пати Светско клупско натпреварување, седум пати Купот на Кралот, исто толку пати Супер купот на Шпанија и два пати Суперкупот на Европа.
Во дресот на Барселона освои и седум „Златни топки“.