Фудбал
Падна петарда: Лестер го понижи Манчестер Сити на „Етихад“!
Фудбалерите на Лестер остварија неверојатна победа на гостувањето кај Манчестер Сити со 2:5.
Домашниот тим беше фаворит, особено затоа што играше дома, но никој не можеше да се надева на ваков развој на ситуацијата.
Одличен почеток имаше Манчестер Сити, бидејќи Махрез погоди во 4. минута за водство на домашниот тим. Израмнувањето за Лестер го донесе Варди од белата точка во 37. минута.
Во второто полувреме, неверојатната игра на Лестер резултираше со уште четири постигнати голови. Прво, Варди постигна одличен гол со петта во 54. минута, а истиот играч беше сигурен повторно од пенал во 58. минута.
Во 77. минута Лестер поведе со 1: 4, а голот го постигна Медисон, кој влезе во игра само пет минути порано.
Мала надеж во 84. минута за Манчестер Сити донесе Аке со својот гол, но во 88. минута беше досуден трет пенал за гостите, а Тилеманс го претвори во гол.