Connect with us

Фудбал

Панчев ја призна најголемата грешка: А, можев во Барселона, Јунајтед или Реал Мадрид

Дарко Панчев, во интервју за „Гол“ вели дека неговата најголема грешка била што во 1992 година потпишал за Интер. Македонецот во тоа време беше на цена. Со Црвена Звезда една година претходно ја освои Европа, а во изборот за „Златна топка“ заврши втор зад Жан Пјер Папин.

Имаше интерес од клубовите, но тој се одлучи за италијанскиот Интер, но сега вели дека тоа е негова најголема грешка.

-Најголемата грешка ми беше да се придружам на Интер“, рече Панчев за „Гол“.

-Бидејќи отидов во тим кој имаше лоша атмосфера, тим кој играше дефанзивно и како странец – тие ме гледаа поинаку, и мислам дека немав доволна поддршка полесно да се адаптирам, вели тој и додава:

Но, грешката е моја, затоа што можев да одам во екипи како Реал Мадрид, Барселона или Манчестер Јунајтед, кои се интересираа за мене во тој период.

Панчев играше за Вардар, Црвена Звезда, Интер, Лајпциг, Фортуна Дизелдорф и Сион.