Connect with us

Фудбал

Пандев не се предава, ќе игра уште: Сакам против Германија да играм во Скопје пред полни трибини

Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев ќе го гледаме уште во националниот дрес. Неговата желба е исполета, обезбеди пласман на Европското првенство. Противници следната година на континенталниот собир кој ќе се одигра во неколку европски градови ќе бидат Холандија, Австрија и Украина.

Со оглед на тоа дека Пандев ќе настапи на ЕП, а квалификациите за СП во Катар 2022 започнуваат во март, тоа значи дека ќе го гледаме и во мундијалските квалификации. Според неговите најави и според очекувањата се веројатно повлекувањето ќе биде по квалификациите за СП, каде тој заедно со соиграчите ќе се обидат да направат ново изненадување и пласман на СП. Тоа секако е реално ако се гледа составот на групата, каде Германија е апсолутен фаворит, а можеме да се носиме со Романија, Исланд, Ерменија и особено аутсајдерот Лихтенштајн.

-Би сакал да играм со Германија во Скопје пред полни трибини. Оваа генерација пред себе има Европско првенство, но и шанси за добри квалификации и напад на второто место во групата, изјави Пандев за ФФМ.

Пандев има 37 години, а следната година во јули полни 38.