Поврзи се со нас

Фудбал

Пандев: Ние сме едно големо семејство, не делат 90 минути од остварување на нашиот сон

Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев за интернет страницата на ФФМ во мини интервју изјави дека мечот со Грузија е историски и дека ова е практично остварување на сонот на сите во репрезентацијата.

-На 90 минути сум од најважниот натпревар во мојата кариера, најважниот натпревар на целата држава, вели Пандев кој меѓудругото вели:

-Имавме добри моменти, но имавме и многу порази, лоши моменти, свирежи од публиката, навреди. Поминав низ многу тежок период во репрезентацијата, еден период се тргнав. Но никогаш нема да си дозволам, така да кажам да го фрлам дресот на репрезентацијата, бидејќи овој дрес е свет за мене, вели Пандев.

Натпреварот се игра утре со почеток во 18 часот во Тбилиси.

 

loading...

Facebook