Connect with us

Фудбал

Паника во Реал Мадрид пред Ел Класико

Иако борбата за шампионската титула во Шпанија е веќе завршена, претстојниот Ел Класико помеѓу Барселона и Реал сигурно е нешто посебно за двете страни.

Во предвечерието на неделниот дуел кој се одигра на Камп Ноу, тренерот на Мадрид, Зинедин Зидан, има големи кадровски проблеми.

Познато е дека во натпреварот со Барселона нема да бидат Иско и Карвахал, а денес Кралевите ги потресе веста дека може да “отсуствува” и дефанзивецот Рафаел Варанан.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Францускиот репрезентативец, имал проблеми со бутниот мускул и беше принуден да ги пропушти последните неколку тренинзи и големи се шансите дека Зидан нема да може да смета на него за викендот.

Ел Класико, се игра во недела во 20:45 на Камп Ноу во Барселона.