Connect with us

Фудбал

Пари и Марсело за Алекс Сандро

Раководните лица на калчо гигантот Јувентус и на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), повторно ќе седнат на преговарачката маса. Откако го договорија трансферот на Кристијано Роналдо, челниците на двата клуба ќе се одбидат да ја договорат и размената помеѓу Марсело и Алекс Сандро.

“Кралскиот клуб” веќе подолг временски период се обидува да ги обезбеди услугите на Алекс Сандро, а освен паричната понуда која нема да биде помала од 35 мил. евра, шпанскиот гигант е подготвен во обратната насока да го испрати неговиот сонародник Марсело, кој пак е желба на “старата дама”.