Connect with us

Фудбал

Парите конечно доаѓаат во Барселона: Каталонците сакаат бесплатно да доведат дури тројца играчи на Челзи

Се чини дека Барселона конечно успеа да ги реши финансиските проблеми бидејќи се очекува каталонскиот клуб да потпише договор за соработка со новиот главен спонзор.

Главен спонзор на Барселона во наредните сезони ќе биде Spotify, а шпанските медиуми вчера објавија дека преговорите се завршени и дека е договорена тригодишна соработка која официјално ќе започне во јули оваа година.

Од овој договор Барселона се очекува да заработи околу 300 милиони евра, што е фантастична сума со оглед на финансиските проблеми на каталонскиот клуб во моментов.

Веднаш почнаа шпекулациите за тоа кого Барселона би можела да доведе на крајот од оваа сезона, иако јануарскиот преоден рок заврши неодамна.

Јасно е дека Барселона на крајот од сезоната ќе направи одредени промени во играчкиот кадар, а се очекува и заминување на неколку играчи, а во моментов извесно е дека заминува и Усман Дембеле.

Каталонски Спорт објави дека клубот веќе работи на засилувања и дека целта им е да доведат играчи на кои им истекуваат договорите на крајот на сезоната за да не мора да плаќаат обештетување на други клубови.

Наводно, Барселона преговара со дури тројца играчи на Челзи кои по се изгледа ќе бидат слободни играчи на крајот од оваа сезона.

Веќе е познато дека Барса е заинтересирана за Цезар Аспиликуета и Андреас Кристиенсен и дека веќе е во контакт со овие играчи. Но, сега се појавија информации дека Барселона го сака и Антонио Рудигер, кој пред неколку дена повторно ја одби можноста да го продолжи договорот со сините.

Рудигер бара огромна плата од Челзи за продолжување на договорот, а не е баш јасно дали Барселона има можност да ги исполни тие услови. Но, Каталонците ќе се обидат да го доведат ова одбранбено трио од Челзи, а дали ќе успеат, останува да видиме.