Фудбал
Пау Гасол: Јас и Марк во Барселона? Тоа се лажни информации
Пау Гасол ги демантираше гласините дека тој и неговиот брат Марк се враќаат во редовите на Барселона.
Во видео интервју за шпанската агенција ЕФЕ, Гасол зборуваше за многу работи, а ги допре и гласините за неговото враќање во Барселона заедно со неговиот брат Марк.
„Јас и Марк во Барса? Изненаден сум што е напишано многу за тоа, без никој да ме праша мене или него нешто. Само кратко ќе кажам – ова е лажна информација“, рече Гасол, кој сè уште се опоравува од операцијата на стапалото.
„Оваа пандемија, со сите лоши работи што ги донесе, ми остави малку повеќе простор да се опоравам, а напредокот беше повеќе од очигледен во последно време. Ќе донесам одлука за тоа дали да продолжам да играм за еден месец, месец и половина, кога ќе бидам способен да се врат на паркетот. Кога тоа ќе се случи за кратко време ќе дознаам дали повторно ќе можам да се натпреварувам“ – изјави еден од најдобрите европски кошаркари во последните 20 години за евентуалното враќање на паркетот.