Connect with us

Фудбал

Пази каде одиш: Фудбалерот на Бетис сакаше да застане на грбот на Атлетико, можеше да зажали (ВИДЕО)

Секој клуб има традиција што мора да ја почитуваат и домашните и гостинските фудбалери, во спротивно може да покажат недостаток на почит и лошо да си поминат.

На стадионот Ванда Метрополито, стоењето на грбот на Атлетико Мадрид е буквално забрането. Ова е очигледно една од првите работи што им се кажува на фудбалерите на „Јорганџиите“ кога ќе дојдат во клубот.

По натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Бетис, гостинскиот фудбалер Емерсон тргна за застане на грбот, но за среќа за него беше неговиот сонародник Ренан Лоди кој на време го фати и го повлече на страна.

 

Дека ова е еден вид стравопочит покажува и сцената од првото коло од новата сезона кога минатогодишното засилување Киеран Трипиер го заборави „предупредувањето“, но Алваро Мората го запре на време.