Connect with us

Фудбал

Пелегрини поради Севиља ги остави кинеските пари

Чилеанецот Мануел Пелегрини повторно може да работи на европско тло од следната сезона.

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити во моментов работи во Кина, каде што управува со Хебеј Фортун, но шпанските медиуми пишуваат дека тој може да ги остави кинеските пари и да ја преземе Севиља.

Главна улога во целата приказна може да има Антонио Кордон, кој се познаваат со Пелегрини од времето на соработка во Виљареал, кој за неколку недели треба да стане директор на Севиља.

Пелегрини во Шпанија освен Виљареал ги предводеше Малага и Реал Мадрид.