Connect with us

Фудбал

Перез има ас во ракавот ако пропадне трансферот на Азар

Трансфер сагата во Реал Мадрид продолжува, затоа што претседателот на клубот Флорентино Перез се обидува да најде замена за Кристијано Роналдо кој одлучил кариерата да ја продолжи во Јувентус.

Роналдо ги изненади во Реал Мадрид со одлуката да го напушти клубот откако помина девет сезони и го избра Јувентус како нов предизвик во својата кариера. Оваа вест го затекна Флорентино Перез кој не очекуваше дека ќе остане без најдобриот фудбалер и сега му останува само да се обиде на најде достојна замена.

Во изминатите неколку денови се шпекулираше за тоа дека Еден Азар ќе биде новото засилување на „Кралевите“, но Челзи не сака да го пушти Белгиецот. „Плавите“ порачаа дека Азар не е на продажба, и дека Реал може да бара засилување на некое друго место.

Како што пишува угледниот весник „Marca“ претседателот на Реал има ас во ракавот доколку Азар не дојде на „Сантијаго Бернабе“. Наводно, се работи за Мауро Икарди кој ќе биде засилување на Реал Мадрид ова лето доколку Перез не успее да го донесе Азар кој го гледа како најдобрата замена за Роналдо.

Како што пишува „Marca“ Реал Мадрид подготвил понуда од 100 милиони фунти за Икарди, но прво го чекаат расплетот на ситуацијата околу Азар.