Connect with us

Фудбал

Перез: Овај е најсилниот Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид перез ја определи сегашната како „Златна ера“ на клубот.

Синоќа играчите доминираа на церемонијата за избор на најдобрите според ФИФА.

„Вистина е дека е невозможно да бидам посреќен. Располагаме со одличен тим и со најдобрите играчи на секоја позиција. Ако погледнете историски, ова е најсилниот Реал Мадрид отакако сум јас на чело на клубот. Ако ги гледаме трофеите, овој Реал е подобар од тој на Фиго, Зизу, Роналдо и Бекам“- вели Перез.

Кристиано Роналдо доби пофалба од прецедателот, Роналдо наскоро ќе наполни 33 години, но се уште игра на највисоко ниво.

„Тој е најдобриот и наскоро ќе ја освои и 5-та Златна топка. Тој и после толку години никогаш не е уморен од победување и постојано се стреми кон нови височини, а тоа не е лесно. Тој живее со идејата да се жртвува и да живее со тимот. Сигурен сум дека до крајот на кариерата ќе остане во Реал“ – вели Перез за Роналдо.