Connect with us

Фудбал

Перез сака да го види и Нејмар во редовите на Реал Мадрид

Реал Мадрид ја разгледува можноста да го урне рекордот за трансфер и за 260 милиони евра да го донесе од Пари Сен Жермен, Нејмар де Силва.

Како што наведува шпанскиот спортски весник „АС“, претседателот на Реал, Флорентино Перез подолг период посакува да го донесе во Мадрид, особено што бразилскиот фудбалер е незадоволен во Париз.

Според весникот, процесот е се уште далеку од трансфер, но во прилог оди и фактот дека Нејмар сака да се врати во Шпанија, каде успешно настапуваше за Барселона.

Бразилскиот фудбалер токму од Барселона замина во ПСЖ за 222 милиони евра и го урна светскиот рекорд според висината на трансферот.