Connect with us

Фудбал

Пет победи на младите категории на Вардар

Пет победи од шест натпревари остварија младинските категории на Вардар во натпреварите против Шкупи, односно против Њу Старс.

Младинската екипата на „црвено-црните“ со голот на Абдулахи Јахја во 43. минута, триумфираа на гостувањето кај Шкупи во Драчево. Ова беше 13-ти триумф на Вардаровите младинци во сезоната во 23 натпревари.

Кадетите одиграа со истиот противник на истиот терен без голови. Со ова „реми“ Вардар остана на второто место на табелата со девет бодови заостанување зад првопласираниот на четири кола до крајот на првенството.

Пионерската екипа со 4:2 како домаќин го победи составот на Шкупи. На тој натпревар два гола постигна Туша, а по еден Ибиши и Игнатов за 10-тиот триумф на Вардар. Помладите пионери, пак, сигурно чекорат кон освојување на титулата. Тие викендов дојдоа до нов триумф над Шкупи со 3:1. По еден гол постигнаа Омерагиќ, Радуловиќ-Величковиќ и Петејчук. Оваа генерација и натаму нема пораз во својата конкуренција.

Кај петлињата, Вардар ја продолжи битката за титулата и изминатиот викенд го совлада тимот на Њу Старс на гости со 1:3. Помладите петлиња, пак, и натаму редат само победи откако го совладаат истиот противник со убедливи 5:0 на гостински терен.

МЛАДИНЦИ

ШКУПИ – ВАРДАР 0:1 (0:0)

Игралиште во Драчево.

Судија: Ивана Пројковска (Скопје).

Стрелец: 0:1 Јахја 43’

Ж. Картони: Тиаири, Калиси (Ш) – Наумчески (В).

Ц. Картон: Бериша 73’ (В).

СОСТАВ НА ВАРДАР: Велковски, Џуклески, Антовски, Наумчески, Ѓорѓиески, Јахја, Адем, Бериша, Велковски, Реџепи, Дишлиевски.

Уште играа: Маркоски, Благојевиќ.

КАДЕТИ

ШКУПИ – ВАРДАР 0:0

Игралиште во Драчево.

Судија: Игор Стојчевски (Скопје).

Стрелци: /

Ж. Картони: /

СОСТАВ НА ВАРДАР: Тимевски, Радевски, Пешевски, Ѓурковски, Ибиши, Димоски, Омерагиќ, Јусуф, Митревски, Димов, Петковски.

Уште играше: Илиевски.

ПИОНЕРИ

ВАРДАР – ШКУПИ 4:2 (1:1)

Игралиште на фудбалска Академија на ФК Вардар.

Судија: Александар Василевски (Скопје).

Стрелци: 0:1 Мухарем 30’, 1:1 Игнатов 35’, 2:1 Туша 51’, 2:2 Мухарем 63’, 3:1 Туша 70’, 4:2 Ибиши 76’

Ж. Картони: Дема, Исмаили, Мухарем, Идризи, Зејнулахи (Ш).

СОСТАВ НА ВАРДАР: Андов, Спировски, Николов, Илиевски, Манасиевски, Бојковски, Ристовски, Речиџа, Андоновски, Туша, Игнатов.

Уште играа: Ѓурковски, Димоски, Цури, Ибиши, Мирчевски.

ПОМ. ПИОНЕРИ

ВАРДАР – ШКУПИ 3:1 (1:0)

Игралиште на фудбалска Академија на ФК Вардар.

Судија: Давор Ризоски (Скопје).

Стрелци: 1:0 Петејчук 20’, 2:0 Радуловиќ-Величковиќ (п) 54’, 3:0 Омерагиќ 59’, 3:1 Селмани 80’

Ж. Картони: Рамани, Муслиу (Ш).

СОСТАВ НА ВАРДАР: Величковски, Костовски, Ѓорѓиевски, Радуловиќ-Величковиќ, Крстевски, Фазљиу, Петејчук, Омерагиќ, Стојановски, Демири, Гугуљанов.