Connect with us

Фудбал

Пијани другари направиле клуб, 9 години подоцна ќе играат во Европа, се почнало во кафеана!

Се ближи стартот на европските квалификации, а една од најчудните селекции што сме ги виделе на континентот во последните години ќе ги одмери силите во воведното коло од Конференциската лига. Гибралтарскиот клуб „Страчките на бруно“ ќе дебитираат на меѓународната сцена, а пред тој меч вниманието го привлекоа со својата необична приказна.

Тимот кој сезонава ќе игра во Европа е формиран пред девет години во кафеана! Неколку пијани пријатели седеле во кафеана на таткото на еден од нив, а идејата за создавање фудбалски клуб се создала случајно… Следувале години борба, се до претходната сезона, која беше најдобра во кратката историја на клубот.

Овој клуб како четвртопласирана екипа во Гибралтар го доби правото да се натпреварува во квалификациите за Конференциската лига. Прв противник во Европа ќе им биде Крусадерс од Северна Ирска, а веројатно никој не им дава голема шанса на момците од Гибралтар.

Веројатно нема да им пречи многу. Сигурно не планираат да ја освојат Конференциската лига оваа сезона, веројатно ниту да играат во групната фаза од тоа натпреварување во текот на претстојната есен. Доволно им е да гледаат фудбал, затоа создадоа клуб.