Connect with us

Фудбал

Пике беше обвинет за корупција, па сè детално објасни: „Ми се јавија пред седум дена и ми го кажаа тоа“

Шпанските медиуми вчера објавија дека Жерар Пике бил вмешан во голем скандал, и дека земал пари за да го игра шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.

Шпански „El Confidencial“ објави аудио интервју помеѓу Пике и претседателот на шпанскиот ФС, Луис Рубиалес, во кое тие се договараат за провизија што ќе ја добие фирмата на играчот на Барселона доколку натпреварот се игра во Саудиска Арабија.

Откако ФС на Шпанија се договориле со организаторите од Саудиска Арабија натпреварувањето да се игра во нивната земја, тие инкасирале 40 милиони евра, а наводно Пике добил 10 отсто или четири милиони евра.

Шпанците објавија дека Пике е тој што го „туркал“ Суперкупот да се игра во Саудиска Арабија и дека поради тоа заработил огромна сума на пари и дека мора да се покрене истрага за да се дознае.

Сепак, Пике синоќа одлучи да излезе во јавност и објасни што всушност се случува. Дефанзивецот на Барселона призна дека неговата компанија Космос била посредник во зделката, но дека се било транспарентно и фер и дека ништо не криел.

„Саудиските функционери ме контактираа и ми рекоа дека би сакале да го „донесат“ шпанскиот Суперкуп во нивното Кралство и дека можам да им помогнам во тоа. Единствената незаконска работа во целата оваа приказна се аудио снимките кои протекоа. Некој нас неовластено не снимаше и прислушкуваше. Не треба да си претерано интелигентен за да сфатиш кој е ова. Уште пред три години се знаеше колку пари наплаќа Космос за оваа работа, тука нема ништо ново“, рече Пике.

„Пред околу седум дена ме контактираа уредниците на „El Confidencial“, кои исто така ги објавија снимките и ме ’известија’ дека ги поседуваат и ќе ги објават. Мислам дека е јасно што се обидуваат да направат со тоа. Не ми е гајле затоа што немам што да кријам и не сум направил ништо незаконско“.

„Веќе некое време постои желба да се промени форматот на Суперкупот и да се направи натпреварувањето поинтересно.Тоа би донело повеќе приходи, а идејата навистина му се допадна на претседателот на РФЕФ Луис Рубиалес. Саудиска Арабија не беше единствената опција. Опција беа и Катар и Соединетите Американски Држави. РФЕФ на крајот ги избра Саудијците“.

„Провизијата од 10% што ја собравме е всушност сосема нормална во светот на бизнисот, кога станува збор за толку големи потфати. Провизијатаво пракса се дввижи од 15% до 20% и сметам дека ние наплативме толку колку што би наплатила една акенција која се занимава со тоа . Всушност, ние наплаќавме помалку за истата работа. Јас предложив промена на форматот. Претходно РФЕФ заработуваше 120.000 евра од Суперкупот. Со промена на форматот заработија 40 милиони евра“.

„Метата ми е ставена на чело. Парите не ми ги дадоа мене, туку на Космос. Парите не беа уплатени на мојата сметка, туку на сметката на компанијата. Реал Мадрид успеа двапати да го освои Суперкупот благодарение на промената на формат, иако не освоија лига или куп. Стариот формат да беше на сила, не би било тоа. Тогаш која е мојата лична добивка од тоа што Реал двапати го зема трофејот? Нема логика“.

Дефанзивецот на Барселона изјави дека не размислува за пензија и дека ваквите работи кои се пишуваат за него само уште повеќе го мотивираат.

„Сè уште не се повлекувам, ни случајно. Ваквите работи само ме тераат да се натпреварувам и да играм. Не знам дали снимките „протекоа“ за да ми наштетат, но можам да ви ветам дека нема да се предада ниту да се откажам. Овие работи ме хранат. Космосот наплати 10% провизија за сработеното и тие пари ги собра компанијата од Саудиска Арабија, а не од РФЕФ. Целата зделка беше 40 милиони евра, 10% од 40 милион е 4 милиони евра. Толку заработи мојата компанија. Ова е познато веќе три години“, заклучи Пике.