Connect with us

Фудбал

Пике дојде до вратата и заѕвони на Шакира, ќе му го уништи животот аферата со 20-годишната студентка?

Последниве денови славниот пар привлече големо внимание откако започна да се пишува дека на нивната романса и дошол крајот, а за се е виновно неговото неверство.

Во шпанските медиуми се појавија различни информации. Колумбиската пејачка, која има две деца со Пике (Саша и Милан) и со кого е во врска од 2010 година, наводно го фатила дефанзивецот на Барселона во измама. Тоа, сепак, во моментов се само претпоставки и само двајцата ја знаат вистината, но јасно е и дека дефинитивно се во првиот поголем проблем откако се заедно.

Иако ниту колумбиската пејачка ниту фудбалерот не дадоа изјава за наводниот развод, се потврди дека повеќе не живеат заедно и дека дури престанале да се следат на социјалните мрежи. Пике се вратил во својот стар стан во Барселона додека таа престојувала во нивната куќа.

Меѓутоа, сега повторно се видени заедно пред резиденцијата во која моментално престојува Шакира со децата. Капитенот на Барселона пристигна, заѕвони и ја чекаше таа да му ја отвори вратата. Неколку минути подоцна Пике го напушти местото во придружба на својата убава половина, а никој од нив не сакаше да даде никаква информација за присутните медиуми.

Сликите потврдуваат дека Пике го напуштил семејниот дом за да се врати во својот дом, каде соседите од зградата го виделе како заминува доцна во ноќта и поминува време со еден од соиграчите.

Според една верзија, Шакира го фатила Пике во „авантура“ со друга жена, 20-годишна студентка и водителка во Барселона, додека други веруваат дека Колумбијката е само лута на Пике затоа што почнал да се однесува почудно и да се враќа дома доцна, иако нема докази дека ја изневерил.

Сè на сè, еден од најпознатите парови во Шпанија минува низ тешки времиња, а ќе видиме дали навистина ќе дојде до целосен развод или тоа е само привремена криза во нивната врска.