Connect with us

Фудбал

Пике јасно кажа што мисли за трансферот на Погба во Барселона

Летниот период на трансфери во поголемиот дел од Европа трае до крајот на овој месец, а многумина очекуваат дека шпанските клубови ќе бидат многу активни во следните неколку дена.

Од Реал Мадрид сеуште очекуваат големо засилување откако Кристијано Роналдо замина, но се шпекулира дека Барселона може да донесе уште еден нов играч. Во изминатите недели беше широко разговарано Пол Погба да биде новото засилување на каталонскиот клуб, кој не е многу среќен во Манчестер Јунајтед.

Сепак, Црвените Ѓаволи не сакаат да останат без еден од најдобрите играчи и му ветија дека ќе го наградат ако остане на Олд Трафорд. За потенцијалниот трансфер на Погба зборуваше и Пике.

“Не знам ништо за неговиот однос со Мурињо. Ќе видиме во иднина што ќе се случи, но јас би бил многу среќен да го видам Погба во дресот на Барселона”, рече Пике.