Connect with us

Фудбал

Пике повторно најде начин да ги провоцира Роналдо и Реал Мадрид

Кристијано Роналдо после девет години одлучи да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Јувентус.

Тоа беше тежок удар за „Кралскиот“ клуб затоа што не очекуваа дека Португалецот ќе го напушти клубот ова лето. Иако веднаш тргнаа во потрага за негова замене, сепак се уште немаат донесено некое звучно засилување, а најверојатно тоа нема да се случи во овој преоден рок.

„Кралевите“ со две победи ја отвориа новата сезона во Ла Лига, но во играта, и тоа како се почувствува отсуството на Кристијано Роналдо. За тоа се одлучи да зборува и Жерард Пике кој е познат по тоа дека ја користи секоја шанса да го испровоцира ривалот од „Сантијаго Бернабеу“.

„Тоа е клуб кој навистина добро работи. Заминувањето на Роналдо е нешто големо и мислам дека сега повеќе ќе играат како екипа, а не како група на поединци или еден играч околу кој се врти се“, кажа Пике.