Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Фудбал

Пике се „коцка“, не сака операција иако коленото му е уништенo

Искусниот штопер тешко го повреди коленото на мечот со Атлетико Мадрид и сега одлучил да се коцка со опоравувањето.

Ја одбил операцијата која му ја предложил доктор Рамон Кугат и која од теренот би го одалечила помеѓу шест и осум месеци. Се одлучил на конзервативни методи на лекување со кои на теренот би се вратил за четири месеци.

Сепак, ваквите методи се ризични. Со операцијата коленото се стабилизира и се доведува во ред, но Пике е убеден дека и со други методи може да се опорави.

loading...

Facebook