Connect with us

Фудбал

Пикфорд замена за Де Хеа

Доколку не биде продолжена соработката со шпанскиот интернационалец Давид де Хеа, раководните лица на Манчестер Јунајтед ќе се обидат да ги осигураат услугите на првиот голман на Евертон, Џордан Пикфорд.

Моментално првиот голман на “црвените ѓаволи” има договор до 2020 година, но се погласни се шпекулациите дека Де Хеа сака да си замине од “Олд Трафорд” поради лошата соработка со Жозе Мурињо.

Доколку дојде до реализација на таквото сценарио, Јунајтед ќе се обиде да ги осигура услугите на репрезентативецот на Англија кој е проценет на 60 мил. фунти.