Connect with us

Фудбал

Пиоли го презема Милан, откриени детали за договорот

Без сомнение, во Италија се убедени – Стефано Пиоли ќе го наследи Марко Џампало на клупата. Тој се очекува да го потпише договорот денес, а утре ќе тренира со составот. Пиоли ја прифати поканата на Малдини и Бобан, бидејќи добро ја познава Серија А и е слободен на пазарот.

Италијанските медиуми откриваат и детали за договорот помеѓу италијанскиот клуб и 53-годишниот тренер. Новиот тренер ќе потпише договор на две години и ќе добие плата од 1,5 милиони евра по сезона. Не е премногу „масна“ бројка за Милан, но со оглед на клупската криза е совршено прифатливо.

Омилениот модул за игра на Пиоли е 4-3-3. Тој игра агресивен фудбал и со нападот во Милан може да направи позитивни резултати со тоа што го има на располагање. Неговата главна цел е да го „обнови“ Пиатек кој постигна само два гола оваа сезона.