Connect with us

Фудбал

Пирло го освои првиот „трофеј“ на клупата на Јуве, прогласен е за најсекси тренер во Серија А

Андреа Пирло се подготвува да дебитира во улогата на тренер на Јувентус. Почетокот на шампионатот е близу и во пресрет на неговото деби на црно-белата клупа на официјалните натпревари, поранешниот играч за врска оствари прва „победа“. Според анкетата спроведена од порталот „Joyclub“, тој всушност беше избран за најсекси тренер во Серија А. Пирло заврши на првото место на оваа ранг листа, собирајќи 23% од гласовите.

На подиумот се најдоа и Еузебио Ди Франческо од Каљари (втор, со 15% од гласовите) и Филипо Инзаги од Беневенто (трет, со 14% од гласовите). Надвор од подиумот, сепак, остана Џенаро Гатузо, на четвртото место, со 10,17% од гласовите, потоа Пауло Фонсека петти и Антонио Конте шести, со по 6,36% од гласовите.