Фудбал
Пирло избра напаѓач за ’неговиот’ Јувентус
Според медиумите од Италија, новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, го избра напаѓачот за ’неговиот’ Јувентус.
Имаше неколку имиња во конкуренција за нападот на „Старата дама“ во изминатите неколку недели, барем според медиумите, а Пирло го даде последниот збор – Раул Хименез.
Тој е напаѓач кој игра фантастична сезона во дресот на Вулверхемптон.
Мексиканецот одигра 54 натпревари во сезоната и постигна дури 27 голови. Исто така, треба да се каже дека сезоната за него сè уште не е завршена, затоа што вечерва Волверхемптон го игра четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа против Севилја.
Покрај Хименез, неколку други имиња се поврзуваа со Јувентус во последните неколку недели кога станува збор за нападот, пред се тоа е Аркадиуш Милик.
Сепак, се чини дека новиот тренер ја донесе конечната одлука и дека „Старата дама“ наскоро ќе започне лов на новото засилување. 29-годишниот напаѓач според „Трансфермаркет“ вреди 40 милиони евра, но се претпоставува дека волците ќе побараат повеќе пари.
Патем, досега единствениот класичен напаѓач на Јувентус беше Гонзало Игуаин, но по лошата сезона за него, авантурата во Торино заврши.