Connect with us

Фудбал

Пирло: Нашите амбиции се поклопија

Андреа Пирло е на почеток на нова авантура. Сезонава ќе работи во турската Суперлига како тренер на Карагумрук.

По една година пауза, легендарниот играч за врска реши да го преземе тимот кој минатата сезона заврши на осмото место во елитната дивизија. Тој беше ставен во контакт и со Партизан, но сепак реши да замине во Турција.

– За мене е многу важно да имам повторно работа, по една година пауза. Сум разговарал со многу тимови, и во Италија и во странство, но кога ги слушнав амбициите на овој тим ме убеди да дојдам. Едноставно, нашите амбиции се поклопија – изјави Пирло.

Андреа Пирло како тренер работеше само една година во Јувентус со кој го освои Купот и Суперкупот на Италија, но не успеа да ја продолжи трофејната серија во Серија А.