Поврзи се со нас

Фудбал

Пирло прво го повика Роналдо и му вети една работа

Првата работа што ја направи Андреа Пирло кога беше назначен за тренер на Јувентус се однесува на Кристијано Роналдо.

Јувентус го освои Скудетото, но самата сезона не беше успешна. Старата дама беше елиминирана од Лигата на шампионите, а начинот на кој екипата играше под диригентската палка на Маурицио Сари не беше задоволителен.

Затоа, клубот реши да направи ремонт, а проектот да го предаде на поранешниот играч од средниот ред на тој клуб, Андреа Пирло, и на поранешниот член на италијанската репрезентација, кој се подготвува да формира подмладен тим кој ќе игра попривлечен и поубав фудбал. Веќе се најавени одредени засилувања, а што е сигурно – Кристијано Роналдо ќе биде предводник на тимот во новата сезона.

Пирло реши прво да го повика Роналдо и вети дека ќе му олесни во нападот, односно со тоа што ќе направи чистка, а засега има неколку можни играчи што Пирло планира да ги донесе во нападот, со што Португалецот ќе добие поголема слобода и одреден товар ќе му биде симнат од грбот.

Кандидати за „деветката“ на Јуве се Александре Лаказет, Един Џеко, Аркадиуш Милик, како и Хименез од Волверхемптон. Кој и да дојде на крајот, ќе му олесни на Роналдо во нападот.

Advertisement

Facebook

Реклама