Connect with us

Фудбал

Пирло: Роналдо? Ќе видиме нешто убаво

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло ја заврши својата богата играчка кариера, во која меѓу другото, со голем успех го носеше и дресот на Јувентус, клубот кој ова лето направи сензационален трансфер и во своите редови го доведе Кристијано Роналдо.

Во разговор за „Sky Sport Italia“, Пирло рече дека ангажманот на Роналдо ќе му помогне на Јувентус да се доближи до неговиот сон за трофејот на Лигата на шампионите.

“Кристијано Роналдо може да им донесе нешто “екстра”, што е потребно за Јувентус … Среќен сум што голем шампион се приклучи на Јувентус. Само, неговиот купување не е гаранција за Лигата на шампионите, но ве приближува поблиску до целта.”, Изјави Пирло и додаде:

“Роналдо е играч кој го навалува билансот на ваша страна и тој може да им помогне на Јувентус да ја освои Лигата на шампионите … Тој е врвен играч, ќе направи разлика и ќе видиме нешто убаво.”