Connect with us

Фудбал

„Пјаниќ ги отстрани сите недостатоци во играта и сега е врвен фудбалер“

Миралем Пјаниќ има фантастична сезона во дресот на Јувентус.

Пјаниќ од година во година е се подобар, а според тврдењата на тренерот на „Старата дама“ Масимилиано Алегри, Пјаниќ моментално е врвен играч и во неговата игра нема слабости.

„Пјаниќ ги отстрани сите недостатоци од играта и сега е врвен играч. Има визија, врвни додавања, а одигра неверојатен натпревар против Милан каде покажа какво ниво на додавања поседува“, рече Алегри, па продолжи со пофалбите кон играчот од средниот ред.

„Исто така, врши одлична работа во дефанзива каде освојува топки и тоа нам ни овозможува да направиме контра. Понекогаш го вадам од игра за да се одмори, но сакам да му дадам шанса и на Бентакур кој израснува во одличен фудбалер“, рече Алегри.

Миралем Пјаниќ е член на клубот од Торино од 2016. година, а со Јувентус има освоено два наслови шампион на Италија.