Connect with us

Фудбал

Пјаниќ: Слушнав некои работи кои не се вистинити, а со Роналдо можеме многу да направиме

Јувентус сака да го задржи Пјаниќ и му нуди нов договор, додека великаните како Барселона, ПСЖ, Манчестер Сити сметаат дека е одлично доколку го имаат во своите редови.

Кога Јуве го донесе Роналдо за 100 милиони евра, се „засилија“ шпекулациите за продажбата на Пјаниќ, но на крајот до Јувентус порачаа дека Пјаниќ не е на продажба, а еве што Миралем кажува за сето тоа.

„Слушнав многу работи кои не се вистинити. Јас сум супер, се подготвувам за новата сезона и тоа ми е најважно. Тоа што го направив во последните две сезони со Јуве е одлично и среќен сум што сум фудбалер на Јувентус“, рече Праниќ за „ЕSPN“.

„Среќни сме што е тука со нас. Мислам дека Јуве донесе големе засилување. Среќни сме сите, а и Роналдо што е тука, па веруваме дека тоа ќе биде одлична комбинација и дека ќе продолжи да го прави тоа што го правеше со Манчестер и со Реал. Освои многу титули, направи големи работи и очекувам кариерата ќе му бите таква и понатаму“ кажа Пјаниќ.

Тој смета дека Јуве со Роналдо ќе биде конкурентен во борбата за Лигата на шампионите и истакна дека тој трофеј е голема желба на сите во Торино.