Connect with us

Фудбал

Пјаца избра нов клуб, се чека официјалната потврда

Хрватскиот репрезентативец Марко Пјаца и следната сезона ќе настапува некаде на позајмица, но не во Шалке.

Овој фудбалер на Јувентус не е во плановите на Масимилиано Алеги, и се чини дека од неколкуте понуди кои ги имаше ја одбра онаа од Фиренца.

Италијанските медиуми пишуваат дека Пјаца договорил едногодишна позајмица во Фиорентина, но официјалната потврда се уште ја чека.

Марко Пјаца пред две години пристигна во Јувентус од Донамо како голем талент, а платен беше 23 милиони евра. Се одеше по планот до март 2017. година, кога ги повреди лигаментите на пријателскиот натпревар помеѓу Хрватска и Естонија, по што следеше долга пауза.

Пјаца се опорави од повредата и се врати на теренот, но во Јувентус никако не успеа да се наметне, па стана јасно дека за него нема место во Торино.