Connect with us

Фудбал

Плановите на Барселона се комплицираат: Габриел Жесус е на мета на друг клуб

За евентуалниот трансфер на Габриел Жесус (25) во Барселона се пишуваше изминативе денови, но се чини дека каталонскиот клуб не е единствениот загреан за напаѓачот на Манчестер Сити.

Некои островски медиуми пренесуваат дека Арсенал е заинтересиран за услугите на бразилскиот напаѓач, а би било интересно да се подготви иста понуда како Барселона, таа е околу 30 милиони фунти.

Финишот на оваа сезона ќе одигра голема улога за Арсенал во однос на засилувањата, поточно дали наредната сезона ќе го гледаме Арсенал во Лигата на шампионите.

Од друга страна, Барселона сака дополнително да го засили нападот, се споменува и Роберт Левадовски, па да очекуваме возбудливо лето и во Каталонија.

На ова да додадеме дека Габриел Жесус има договор со Граѓаните до летото 2023 година, па доколку има евентуален трансфер тимот од Етихад ќе гледа да повлече што повеќе пари.

Габриел Жесус дојде во Манчестер Сити во 2017 година од Палмеирас, а оваа сезона за Манчестер Сити одигра 34 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола и забележа 11 асистенции.

За бразилската репрезентација собра 54 настапи и постигна 18 голови.