Други спортови
Плејбој – зајачица влегува во жешкиот Ф1 болид (Фото +18)
Формула 1, В – серијата е ново натпреварување кое го формураше американскта групација „Либерти Медија“, а вклучува шест трки на патеките низ Европа. Во еден од болидите ќе биде и сексапилната Плејбој – зајачица Дорен Сајдел
Интересот за Формула 1 станува се помал од година во година, а воведувањето на женска Формула (Формула В), треба да придонесе тоа намалување да се забави кај светската јавност и потоа да почне да расте. Првата трка, од предвидените шест, е закажана за на пролет, а веројатно една од возачките ќе биде и поранешната Плејбој – зајчица, Дорен Сајдел.
Германката е една од 55-те возачки кои се на листата и кои очекуваат повик во првата сезона од женската Ф1, а нејзиниот сексапил уште од старт ќе донесе поголем интерес за новото натпреварување. Германката има 33 години и веќе се натпреварувала во автомобилски трки во 2011 година и возела Ауди брендирано со знакот на Плејбој. Во дебитантската година, завршила на подиум, а со тоа покажала дека во неа се крие вистински потенцијал на добар возач.
-Едвај чекам да почне новото натпреварување, истакна Сајдел, која смета дека нејзиното место е загарантирано за наредната сезона.
Возач е на Мерцедес Бенц, а освен тркањето има страст и кон сноубординг, но и сурфање.
Премиерата на женската Ф1 е закажана за март идната година, а во премиерната сезона ќе се возат шест трки во траење од по половина час. Првата сезона ќе се вози само во Европа, но најавено е дека од 2020 година ќе се прошири и во САД, Азија и Австралија. Трките ќе бидат одржани на истите патеки како и вистинската Ф1, но во различен викенд, со тоа што ако интересот е поголем, „Либерти Медија“ групацијата, во чии раце е најбрзиот циркус на денешницата, планира женската Формула да ја спои со вистинските гран-прија и со тоа да донесе – двојно уживање.
Понежниот пол нема да вози болиди како мажите, туку болиди кои потсетуваат на тие од 90-те години, со 1,8-литарски мотори со турбо полначи, тоа што го има во Формула 3.
Инаку, Германката беше фотографирана за најпознатото машко списание во 2008 година, истата година патуваше со останатите „зајачици“ низ светот, а една година подоцна ја прогласија за зајачица на годината во Германија и за награда доби патување во Плејбој вилата и посета на Хју Хефнер. На тие турнеи по различни земји Дорен ја разви љубовта кон луксузните и брзите автомобили. Позирањето пред „брзите машини“ само го покажува нејзиниот интерес за влезот во светот на автомобилизмот.