Connect with us

Други спортови

Пливачите на Бета настапија на три меѓународни натпревари

Пливачи од клубот Бета викендот имаа настап во три држави, Франција, Бугарија и Србија.

Флоренс Герет настапи на Европското првенство за лица со Даунов синдром во Париз, Франција каде стана еврпоски шампион, односно освои златен медал во дисциплината 50 метри грбно, сребрен медал во дисциплината 100 метри грбно и бронзен медал во штафета каде ја претставуваше нејзината земја Велика Британија.

Пливачите кои настапија на меѓународен натпревар во бугарскиот главен град Софија, освоија 6 златни медали и еден бронзен и тоа Јован Јанковски кој освои еден златен и еден бронзен медал, Ива Китановиќ еден златен медал каде постави и нов рекорд во дисциплината 50 метри грбно со време 38,60 секунди, Миа Блажевска Еминова 4 златни медали каде постави нов рекорд во дисциплината 50 метри слободно со време 28,53 секунди, и освои пехар за најдобар пливач во нејзината категорија.

ПК Бета учествуваше и на натпревар во Зрењанин, Србија каде успеаја да се изборат за финалиња.