Connect with us

Фудбал

По 11 години титулата е во „црвениот“ дел на Милано, „Росонерите“ ги слават Жиру и Леао (ВИДЕО)

Милан по 11 години е шампион на Италија! Во последното коло им требаше бод против Сасуоло за да не гледаат што ќе направи Интер против Сампдорија, но Росонерите славеа убедлива победа од 0:3 и ја освоија титулата.

Поведоа во 17. минута. Рафаел Леао додаде до Оливие Жиру на кој не беше тешко да погоди за 0:1.

Петнаесет минути подоцна, идентична ситуација. Леао е асистент, а лесен гол постигнува Жиру.

Во 36. минута Милан го постигна третиот гол. Повторно главна улога ја имаше Леао, кој му ја намести топката на Кеси, кој погоди за конечни 0:3 и големата победа на Милан.

Златан Ибрахимовиќ влезе во вториот дел и постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Интер ја совлада Сампдорија со 3-0 со головите на Перишиќ и Кореа (2) во вториот дел, но ќе мора да се задоволи со второто место и да му ја предаде титулата на лутиот градски ривал.

Standings provided by SofaScore LiveScore