Connect with us

Фудбал

По 25 години Црвена ѕвезда ќе презими во Европа

Екипата на Црвена ѕвезда по 25 години ќе презими во евро-куповите, откако во 6. коло од Х-групата во Лига Европа, го победи Келн со 1:0 и с епласира во нокаут фазата.

Во фантастичен амбиент предповеќе од 50 илјади гледачи на стадионот „Рајко Митиќ“ победничкиот гол за „црвено-белите“ го постигна Славољуб Срниќ во 22.минута.

На вториот натпревар од оваа група Арсенал го совлада БАТЕ Борисов со 6:0.

Арсенал е прв во групата со 13 поени, Ѕвезда има девет, Келн и БАТЕ по пет.

Жрепката за следната фаза ќе се одржи в понеделник во Нион.