Connect with us

Фудбал

По дебаклот против Анкарагучу: Елмас остана без тренер!

Филип Коку повеќе не е тренер на турскиот гигант Фенербахче, откако заработи отказ по вечерашниот пораз на домашен терен од Анкарагучу со 1-3.

Тимот од Истанбул беше понижен на домашен терен со кој остана на дното на табелата во турската Суперлига. Коку летово го презема кормилото на Фенербахче, но по десет одиграни кола, тимот има освоено само девет бода и се наоѓа на 15-тото место на табелата, едно над зоната за испаѓање.

Потегот на управата на Фенербахче беше очекуван, по овие ужасни резултати сезонава. Нашиот репрезентативец Елиф Елмас уживаше голема доверба кај холандскиот тренер, но од утре веројатно ќе добие нов тренер.

SPORT1.MK

Futbol A takımı teknik direktörümüz Phillip Cocu bu akşam itibariyle görevinden alınmıştır.Kamuoyunun bilgisine sunarız.

Gepostet von Fenerbahçe am Sonntag, 28. Oktober 2018