Connect with us

Фудбал

По Дибала, Интер размислува за уште еден играч на Јувентус

Интер сака дополнително да го засили својот тим во летниот преоден рок.

Веќе е познато дека актуелниот италијански шампион и лидер во Серија А го посакува Пол Дибала, кој не е во добри односи со челниците на Јувентус, а се чини дека тимот од Милано цели кон уште едно засилување во Торино.

Се работи за колумбискиот репрезентативец Хуан Куадрадо, кого сакаат да го доведат ова лето.

Според италијанските медиуми, клубот размислува да му понуди двегодишен договор со плата од четири и пол милиони евра по сезона.

Договорот на Куадрадо со Јувентус истекува на крајот од сезоната, исто како и Дибали, па Интер би можел бесплатно да добие две фантастични засилувања.

Да потсетиме, Куадрадо кариерата ја започна во Меделин во родната Колумбија, а прв клуб во Европа му беше Удинезе, кој го донесе во 2009 година.

Потоа играше за Лече и Фиорентина, а во 2015 година беше прекомандуван во Челзи. Не играше многу во Лондон, двапати беше пратен на позајмица во Јувентус, кој го откупи неговиот договор во летото 2017 година.

Куадрадо оваа сезона постигна пет гола на 26 натпревари во сите натпреварувања. Со Јувентус пет пати беше шампион на Италија, четири пати го освои Купот на оваа земја, а два пати Суперкупот.

За колумбиската репрезентација одигра 108 натпревари и постигна десет гола.