Connect with us

Тајмаут

По два месеци молк, се огласи семејството на Астори

 Семејството на Давиде Астори го наруши молкот два месеци по смртта на капитенот на Фиорентина и се заблагодари на сите за поддршката во изминатиот период.

Потсетуваме дека капитенот на „Ла Виола“ беше пронајден мртов во хотелска соба во Удине на 4-ти март, каде беше на камп со својот тим. 
По трагичната вест голем број познати имиња и клубови искажаа сочувство кон сопругата на играчот Франческа Астори и неговата ќерка Виторија.

– Ви благодарам е еден едноставен збор, но и единствен. Давид беше таков. Би сакале да се заблагодариме на сите вас кои беа блиску до нас од оној неочекуван 4-ти март. Ќе ви кажеме на сите вас, како што правеше Давиде – со насмевка и силна прегратка: „Ви благодариме од се срце“, гласи пораката, придружено со слика на Астори.