Connect with us

Фудбал

По „фијаското“ против Рајо паднаа првите две жртви

Барселона имаше лош почеток на сезоната, играјќи само 0-0 против Рајо Ваљекано во 1. коло од Ла Лига во саботата навечер.

Барселона со голем оптимизам го дочека почетокот на сезоната, што не е чудно со оглед на тоа какви играчи се донесени. Сепак, против Рajo не беше доволно за три бода, па тренерот Чави Ернандез веќе најде две жртви.

Се очекуваат голем број промени. Едната е принудна, така што Миралем Пјаниќ би требало да стартува наместо повредениот Серхио Бускетс против Реал Сосиедад.

Сепак, другите промени не се изнудени и ќе бидат исклучиво одлуки на Чави и неговиот стручен штаб.

Андреас Кристенсен и Гави се споменатите жртви и играчи кои ќе бидат исфрлени од стартната постава. Данецот во одбраната ќе биде заменет со Жил Кунде, одличен стопер кој летово дојде од Севиља и немаше право да игра против Рајо бидејќи е еден од оние кои не се пријавени за првенствени натпревари, но тој проблем треба да се реши до следниот викенд и мечот со Сосиедад.

Евентуалното заминување на Мемфис Депај, заедно со корекција на платата на Жерар Пике, би му овозможиле на францускиот интернационалец да заработи право на настап

Втората промена во единаесетмината ќе биде влегувањето на Френки де Јонг наместо Гави во средниот ред.

Не се очекуваат значајни промени во нападот, па Роберт Левандовски ќе остане центарфор, додека на крилните позиции ќе играат Рафиња и Дембеле, но секоја лоша игра може да резултира со нови промени. Ансу Фати со нетрпение ја чека својата шанса, исто како и Феран Торес.

Што се однесува до можните пристигнувања, трансферот на Маркос Алонсо од Челзи треба да биде официјално потврден многу брзо, па искусниот Шпанец би можел да добие шанса пред Жорди Алба во некои од следните натпревари, но тешко дека ќе се случи следниот викенд.

Барселона во недела во Сан Себастијан од 22 часот го игра својот натпревар од 2. коло на Ла Лига. Тоа ќе биде тежок тест за Каталонците по лошиот почеток на сезоната и шанса за Левандовски конечно да дебитира во клубот откако дојде од Баерн ова лето за околу 50 милиони евра.