Connect with us

Фудбал

По голот гордо го бакна грбот на Украина, а потоа испрати јасна порака до сите!

Фудбалерите на Бенфика синоќа ремизираа на домашен терен против Ајакс (1:1) во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, а натпреварот го одбележа украинскиот напаѓач Роман Јаремчук.

Јаремчук влезе во игра во 62. минута од натпреварот додека Бенфика губеше со 2-1 и само десет минути подоцна успеа да постигне погодок за 2-2, а потоа се најде во центарот на вниманието на светската јавност поради прославувањето на голот.

Тој го соблече дресот и покажа маичка со грбот на Украина кој го бакна, а и покажа јасна поддршка за својата земја која утринава тргна во војна против Русија.

Утрово Русите официјално нападнаа одредени украински градови и го означија почетокот на војната, а многу Украинци беа подготвени да застанат во одбрана на својата земја.

Синоќа имаше и такви кои го осудија Јаремчук за прославувањето на голот и тоа што го сака грбот на Украина, но тој повторно се огласи по натпреварот за да испрати јасна порака до сите.

„Јас сум Украинец и се гордеам со тоа. Оддалечен сум илјадници километри од мојата татковина и сакав да дадам поддршка на сите оние кои се под тензија во мојата татковина и сега е време да се обединиме.Ова е нашата земја, нашата историја , нашата култура, нашиот народ и нашите граници. Сакам да им се заблагодарам на сите тие храбри луѓе кои ги бранат нашите граници. Слава на Украина“, изјави Јармоленко по натпреварот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roman Yaremchuk (@r.yaremchuk)