Connect with us

Фудбал

По голот, Мбапе покажа маица со ликот на човекот на кој му ветил дека ќе се грижи за неговото семејство

Фудбалерите на Франција го совладаа Луксембург со резултат 3:0 во пријателски натпревар во рамките на подготовките за ЕП, а големо внимание привлече Килијан Мбапе, кој по голот му оддаде почит на неодамна починатиот тренер. Идниот напаѓач на Реал Мадрид постигна гол во 85. минута за 3-0, пред да ги крене рацете кон небото со истакната маица под дресот на која пишува „Почивај во мир, чичко“.

А кој е човекот на кој Мбапе му оддаде почит? На 1 јуни францускиот клуб АС Бонди ја објави смртта на Александре Константинидис на 50-годишна возраст, тренерот кој го тренираше Мбапе во клубот во кој ја започна својата кариера. Мбапе претходно напиша и порака на Инстаграм за Александар Константинидис:

“Почивај во мир Алекс. Тешко е да се најдат зборови за да се искаже колку сум тажен. Прерано си замина и ќе ни недостигаш. Животот нема да биде ист без тебе, но ние ќе се грижиме за твоето семејство , бидете сигурни во тоа“, напиша Мбапе. Инаку, француските репрезентативци до стартот на ЕП ќе одиграат уште еден пријателски натпревар против Канада во Бордо, а прегледот на најдобрите европски селекции ќе го отворат со мечот против Австрија (17 јуни). Мбапе и неговите соиграчи во групната фаза ќе играат и против Холандија (21 јуни) и Полска (25 јуни).