Connect with us

Фудбал

По Иниеста, потпиша и Чави

Андрес Иниеста ја напушти Барселона и стана нов член на јапонскиот Висел Коби.

Легендарниот играч од средниот ред го направи својот пат до стапките на поранешниот соиграч Чави Хернандез, кој го напушти каталонскиот гигант во 2015 година и потпиша за Катар Ал Сад.

Иако на почетокот од следната година ќе има 39 години, Чави се уште игра фудбал, па затоа одлучи да го продолжи договорот со катарскиот клуб. Таму ќе биде уште две години.

“Среќен сум што ќе бидам дел од ова семејство уште две години. Ние сме едно семејство и многу сум задоволен што останувам во Ал Сад”, рече Чави.

По завршувањето на кариерата на Чави, можно е да биде селектор на Катар, а тој би можел да го предводи Карар на Мундијалот во 2022. година каде тие ќе бидат домаќини.