Connect with us

Фудбал

По натпреварот со Севиља, Мурињо се откажува од Бејл и се насочува кон Асенсио

Црвените Ѓаволи немаат повеќе намера да го донесат Велшанецот од Реал Мадрид, иако Мурињо веќе подолг период сака да го донесе на Олд Трафорд. Се свртија кон соиграчот на Герет Бејл, Марко Асенсио.

Жозе Мурињо инсистира раководството на клубот во преодниот рок кој следува да се обиде да го ангажира Марко Асенсио.

21 годишниот играч од средниот ред не успеа да се наметне во првиот тим на Зинедин Зидан, во што Мурињо ја гледа шансата за негов ангажман.