Connect with us

Фудбал

По постигнатиот успех, Македонија во група Ц во Лигата на нации

Поради одличните резултати, Македонија следното издание на Лигата на нации ќе биде во групата Ц, а наши можни противници ќе бидат Албанија, Црна Гора, Грција.

Македонија пред ждрепката ќе биде класифицирана со Романија, Кипар, Грузија, Грција, Естонија, Албанија, Словачка, Казахстан, Црна Гора, Литванија и Белорусија.

Следната Лига на нации ќе почне веднаш по Европското првенство, но УЕФА денес донесе одлука ниту едно место од ова натпреварување да не води на Светското првенство во Катар, туку сите слободни места од европските квалификации да бидат распределени преку нормалните квалификации.