Фудбал
По само шест месеци Мојс си замина од Вест Хем
Дејвид Мојс ја напушти менаџерската функција во Вест Хем по само шест месеци од неговото назначување за предводник на „чеканите“.
55-годишниот Мојс ја исполни целта за која беше донесен, а тоа е опстанок на Вест Хем во Премиер лигата по лошиот старт на сезоната со Славен Билиќ на менаџерското место.
Од Вест Хем му се заблагодарија на Мојс за неговата работа и му посакаа успех во следните негови ангажмани.
Под водство на Мојс клубот забележа девет победи, 10 нерешени исходи и 12 порази.